Челичната лента е добар избор за тешки апликации, а самиот избор на лента зависи од три факори:
- Функцијата која ќе ја извршува ( зацврстување пакети, балирање, групирање, замотување, палетизирање ).
- Карактеристиките на палетите кои се пакуваат ( тежина, стабилност, компактност, острината на ивиците на пакетите и сл. ).
- Видот на транспорт со кој ќе бидат транспортирани производите.
Секој производ кој треба да се транспортира, треба да е соодветно спакуван, што значи посебни видот пакувања за посебни апликации. За да се оствари што подобра апликација, треба да се постигнат максимални перформанси на лентите за пакување, а за тоа да се постигне SIGNODE имаат дизајнирано автоматски машини и додатна опрема вклучувајќи метални стеги, рачни алати, пневматски алати и размотувачи. Челичната лента, својата најголема примена ја има во металната и дрво-преработувачката индустрија.
Во можност сме да Ви понудиме голем избор на ленти со различни димензии и квалитет.
Покрај тоа можеме да ви понудиме и SIGNODE челични ленти и тоа:
Apex челична лента, која е ладно валана, ниско јаглеродна челична лента, дизајнирана за средно-тешки апликации.
Magnus челична лента, која е ладно валана, средно јаглеродна челична лента, со оборени ивици, додатно термички третирана, со висока отпорност на истегнување и ударни напрегања.
Челичната лента може да биде намотана на два начина:
Mill wound: лентата е повеќекратно намотана околу челична осовина со ширина 63,6 мм.
Ribbon wound: лентата е еднократно намотана, така што ширината на лентата е воедно колку ширината на котурот.
Нудиме и два типа на површинска обработка на лентата, соодветно со потребите на купувачите и зависноста од апликациите во кои се користи: лакирана, лакирана со восок и цинк и сл.
Констатно високиот квалитет ја прави челичната лентата за пакување на SIGNODE правиот избор меѓу професионалните пакувачи/купувачи.