Автоматска машина дизајнирана за вертикално пакување на палети со полипропиленска и полиестерска лента со дебелина од 9 до 13 мм. Променливата висина на главата за поврзување, овозможува и пакетите со мала висина да бидат врзани со висок степен на затегнатост на лентата. Достапна е во повеќе опции во зависност од потребата на купувачите. Рамката низ која што поминува лентата и носачот се изработени од алуминиум.
Основни карактеристики:
- Дизајнирана за долготрајно работење.
- Поседува PLC контролер.
- Главата за врзување, нуди мноштво оперативни предности.
- Врзување кратки производи без компресија.
- Технологија на елиминирање на грешки.
- Автоматско премотување на лентата.
- Лесен пристап до лентата во секој момент.
- Лесна замена на котурот со лента.
- Автоматско внесување на лентата во резервоар.
- Автоматско сечење и исфрлање на вишокот на лента.
- Машината поседува целосен CE (це-е) безбедносен сертификат, како и други безбедносни функции.
- Произведена во САД.