Signode MD 3000 TRB

signode-logo

Автоматска машина дизајнирана за вертикално пакување на палети со полипропиленска и полиестерска лента со дебелина од 9 до 13 мм. Променливата висина на главата за поврзување, овозможува и пакетите со мала висина да бидат врзани со висок степен на затегнатост на лентата. Достапна е во повеќе опции во зависност од потребата на купувачите. Рамката низ која што поминува лентата и носачот се изработени од алуминиум.

md-3000-trb

Основни карактеристики:

  • Дизајнирана за долготрајно работење.
  • Поседува PLC контролер.
  • Главата за врзување, нуди мноштво оперативни предности.
  • Врзување кратки производи без компресија.
  • Технологија на елиминирање на грешки.
  • Автоматско премотување на лентата.
  • Лесен пристап до лентата во секој момент.
  • Лесна замена на котурот со лента.
  • Автоматско внесување на лентата во резервоар.
  • Автоматско сечење и исфрлање на вишокот на лента.
  • Машината поседува целосен CE (це-е) безбедносен сертификат, како и други безбедносни функции.
  • Произведена во САД.