Signode MST- CE IV – каталог |
---|
Многу едноставна, економична и лесна за употреба, се користи во сите гранки на индустријата каде што е потребно брзо и ефикасно пакување на мали и средни димензии на пакети. Оваа машина е со солидна и цврста изработка, со минимален број на движечки делови што обезбедува максимална сигурност и издржливост. Сите потрошни делови се лесно достапни и едноставно и брзо се менуваат.
Основни карактеристики Signode MST- CE IV:
- Врши полуавтоматско врзување на пакети со топлотно спојување на лентата.
- Идеална за пакување со пластична лента на мали и средни димензии на пакети.
- Голема површина на простор за работење: 910 х 582 мм.
- Брза промена на ширината на лентата од 5 до 12 мм.
- Контролна табла која се состои од селектори за должината на лентата, копче за ресетирање на машината, копче за внесување на лентата и ON/OFF копче.
- Можност за подесување на јачината на затегнување на лентата и нејзината должина.
- Достапен е модел од нерѓосувачки челик.
- Произведено во Германија.