Signode MST- CE IV

signode-logo Signode MST- CE IV – каталог

Многу едноставна, економична и лесна за употреба, се користи во сите гранки на индустријата каде што е потребно брзо и ефикасно пакување на мали и средни димензии на пакети. Оваа машина е со солидна и цврста изработка, со минимален број на движечки делови што обезбедува максимална сигурност и издржливост. Сите потрошни делови се лесно достапни и едноставно и брзо се менуваат.

MASINA-MST-CE-IV Основни карактеристики Signode MST- CE IV:

  • Врши полуавтоматско врзување на пакети со топлотно спојување на лентата.
  • Идеална за пакување со пластична лента на мали и средни димензии на пакети.
  • Голема површина на простор за работење: 910 х 582 мм.
  • Брза промена на ширината на лентата од 5 до 12 мм.
  • Контролна табла која се состои од селектори за должината на лентата, копче за ресетирање на машината, копче за внесување на лентата и ON/OFF копче.
  • Можност за подесување на јачината на затегнување на лентата и нејзината должина.
  • Достапен е модел од нерѓосувачки челик.
  • Произведено во Германија.