Полиетиленска лента за пакување ( ПЕТ лента ) се користи за пакување средно тешки и тешки апликации заедно со рачни, батериски и пневматски алати или во делови целосно автоматизирани линии за пакување. ПЕТ лентата има голема крајна цврстина и овозможува повисоко ниво на затегнатост ( до граници на кинење ) од полипропиленските ленти.
Затоа има примена во апликации каде е потребно да се обезбеди поголемо ниво на сигурност на производите и каде палетите се со поголема тежина.
Заради одличните технички карактеристики оваа лента е погодна за пакување апликации во дрво-преработувачката, металната, градежната и индустријата за хартија.
Во понудата имаме голем избор на ленти од различни димензии и квалитет, како и голем избор на опрема за рачно и машинско пакување, вклучувајќи и големи полуавтоматски и автоматски системи за пакување со ПЕТ лента. За изборот на најпогоден и најефтин систем за Вашето пакување, стои нашиот професионален тим.
Користењето ПЕТ лента од нашиот асортиман, ќе овозможи сигурен и безбеден транспорт на вашите производи.