ITW Octopus Twin

itw-mima-logo ITW Octopus Twin – каталог

OCTOPUS автоматските машини за пакување се проектирани за производни процеси каде што се бара голема брзина на пакување. Благодарение на современиот дизајн и технологија овие машини постигнуваат брзина на пакување до 150 палети на час, без оглед на нивната големина и облик и без потреба за менување на параметрите за пакувања. Со оглед на тоа што овој начин на пакување ITW MIMA го применува од 1983 година, не е ни чудно што  OCTOPUS системите за пакување се лидери на пазарот и индустриски стандард во областа на пакувања со фолија.

OCTOPUS машините се опремени со механизам за автоматско сечење на фолијата, што би значело дека можат да се конфигурираат како независни станици за пакување или како интегриран дел од автоматската линија за пакување. Деталите како што се: изборот на методите на пакување, бројот на обмотувања на горните и долните делови на палетите, степенот на преклопување, степенот на затегнување и брзината на пакување се со можност за подесување и можат да се дефинираат во секој програм за пакување поединечно.

octopus-twin