Signode HBX 4300 – каталог |
---|
Машина за пакување со полипропиленска лента, со големи брзини. Во својата работа ги комбинира технологијата на елиминација на грешки и самоподмачкувањето. Идеална е за тешки апликации, како што е пакувањето во месната индустрија, општата дистрибуција, како и дрво-преработувачката индустрија. Машините од оваа серија го поедноставуваат работењето и одржувањето и прават значајни заштеди на Вашето време. Освен стандардните модели, линијата вклучува и специјализирани модели отпорни на корозија во влажно опкружување, како и модели прилагодени за пакување големи производи и мали пакети со неправилна форма.
Основни карактеристики:
- Доведување на лента од два правци.
- Висока осетливост на затегнатоста на лентата.
- Автоматско сечење и исфрлање на вишокот на лента.
- Лесен пристап до лентата во секој момент.
- Самоподмачкување.
- Лесна замена на котурот со лента.
- Произведено во САД.